Спа Центар
Хотел 24 часа
Ресторан од 08.00 до 24.00
СПА Центар од 09.00 до 20.00
+389(0)75 49 77 49
+389(0)31 49 77 49
contact@etnoselo.com.mk

Спа Центар Етно Село „Тимчевски“

Зачекорете во Спа Центарот на комплексот Етно Село “Тимчевски” место каде телото и духот се спојуваат во взаемна хармонија. Спа центарот Ви нуди широк спектар на луксузни третмани, ексклузивни пакети и аранжмани за претстојните месеци, за комплетно уживање и потполна релаксација како во делот на спа, така и во рамките на делот за сместување и во ресторанот.

Релаксацијата надополнета со масажа ќе Ве ослободи од стрес, ќе Ви помогне да се чувствувате поопуштено, исполнето со енергија, подготвено да се соочите со секојдневните предизвици кои ги наметнува брзиот начин на живеење. А ние Ви го нудиме токму тоа – мир, релаксација, подмладување и ревитализација.

Уживајте го секој момент! Изберете некоја од содржините кои Ви ги нуди спа центарот или препуштете им се на сите а крајниот ефект постигнете го со една од масажите кои Ви ги препорачуваме: релакс масажа, медицинска, спортска, анит-стрес масажа, парцијална (грб,нозе) и релакс масажа со етерични масла од грозје.

Кај нас времето се заборава....За сите оние кои сакаат да им се препуштат на моментите на уживање, потполно да ја обноват и ревитализираат својата душа, тело и ум им ги препорачуваме месечниот спа билет (10 дена спа уживање со вклучена сауна, парна бања, солена соба, релакс соба, ладен туш-кофа) и годишниот вип спа билет по одлична промотивна цена.

Патот до потполна релаксација започнете го со:

  • Сауна
  • Парна Бања
  • Џакузи
  • Солена Соба
  • Релакс соба
  • Ладен Туш

Вашето уживање и релаксација е наша обврска. Одберете еден од нашите Спа Пакети и уживајте во понудата.

Pin It