Хотел
Хотел 24 часа
Ресторан од 08.00 до 24.00
СПА Центар од 09.00 до 20.00
+389(0)75 49 77 49
+389(0)31 49 77 49
contact@etnoselo.com.mk

Хотелско сместување

Во мирна и нечепната природа, покрај течението на реката Пчиња Комплексот за уживање Етно Село „Тимчевски’’е мир за душата што секој мора да го почувствува.

Шармот на природата во комбинација со висок стандард на услуги им обезбедува на нашите гости смирен одмор и релаксација.

Хотелот нуди комфор и ги задоволува сите Ваши очекувања. Располага со:

  • 28 Двокреветни соби
  • 3 Апартмани
  • 2 Делукс Апартмани

како и простории за семинари и деловни состаноци, сопствен ресторан со голема летна тераса, летна бавча, летен клуб „Базени”, спортско игралиште, забавен парк со ЗОО и детско рекреативно катче.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.

Собите се опремени со бежичен интернет, ТВ, клима уред, телефон, минибар, тоалетна маса и собна послуга. Делукс апартманите располагаат со сопствено џакузи.

Услови за користење на хотелско сместување

Корисникот на услугата може во секој момент да се откаже од услугата и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:

  • откажување пред 30 дена се плаќа 30% од вкупната цена
  • откажување пред 15 дена се плаќа 50% од вкупната цена
  • откажување пред 7 дена се плаќа 70% од вкупната цена
  • откажување пред 3 дена се плаќа 90% од вкупната цена
Pin It