За нас
Хотел 24 часа
Ресторан од 08.00 до 24.00
СПА Центар од 09.00 до 20.00
+389(0)75 49 77 49
+389(0)31 49 77 49
contact@etnoselo.com.mk

Етно Село „Тимчевски“

Комплексот Етно Село “Тимчевски“, сместен во природно опкружување на реката Пчиња, ви нуди одлична можност за ваша несекојдневна релаксација. Вистинскиот амбиент создаден само за вашите потреби и желби дава одлична прилика за организација на деловни средби, семејни веселби и туристички посети.

На оддалеченост од 14 км од Куманово на патот кон Крива Паланка, на површина од 30000 м2 се наоѓа комплексот Етно Село. Во склоп на објектот се наоѓа хотел, ресторан со летна тераса и летна бавча, летен клуб „Базени”, сопствена винарија, мини ЗОО, детски забавен парк, велосипедски патеки и сопствен паркинг.

Внимателно креираните содржини ќе ве однесат во една поинаква средина со вистински приказ на традиционалниот македонски начин на живот. Многубројните поставки се одлична прилика за запознавање со тоа.

Овој совршено организиран амбиент е надополнет со уште подобрите традиционални македонски јадења. Направени од нашите врвни мајстори нема во ниеден момент да ве остават рамнодушни.

Сето ова комплетирано со прекрасна национална македонска музика, ќе ви покаже колку е убаво да се биде во Македонија.

 

 
Pin It